February 2, 2023 02:12
Спорт

Фјури го претепа Чисора, па двајцата заедно јадеа хамбургери (Видео)

Британскиот боксер Тајсон Фјури ја одбрани титулата во ВБЦ верзијата, откако синоќа на стадионот на Тотнем во Лондон буквално го претепа Дерек Чисора принудувајќи го судијата да го прекине мечот во десеттата рунда со цел да го спаси вториот Британец во рингот.

Тоа беше 34. професионален дуел за „Кралот на Циганите“ во кои има 33 победи и само едно реми и тоа против Деонте Вајлдер во 2018 година, кого, пак, потоа го совлада во два наврати.

Чисора ниту од далеку не беше достоен ривал на Фјури, кој неколку пати беше на пат да го нокаутира, но секогаш тоа беше пред крајот на рундата, па ѕвончето го спасуваше неговиот противник. По пресметката во рингот, двајцата боксери покажаа дека нивното пријателство не е загрозено, па заедно поделија неколку хамбургери во соблекувалната.