February 20, 2020 21:37
Македонија

ФФМ: Пред Куќата на фудбалот трагично згасна човечки живот!

Денес се случи еден трагичен начин во кој животот го загуби работник кој работел пред ФФМ.

Трагичниот настан се случил денес околу 16 часот кога паднал кранот на кој стоел работникот кој бил задолжен за одржување на хигиената на прозорците на во просториите на ФФМ.

„Денес, тежок несреќен случај ја потресе целата македонска јавност. Пред Куќата на фудбалот трагично згасна човечки живот!. Би сакале да изразиме благодарност до сите служби на итна помош кои во рекордно време пристигнаа на местото на немилиот настан, но за жал сепак предоцна за било каква интервенција.

Благодарност и до вработените во стручната служба на ФФМ кои до доцните часови беа на располагање и даваа поддршка со сите расположливи средства.

Фудбалската Федерација на Македонија и целото фудбалско семејство изразуваат длабоко сочуство до семејството и пријателите на работникот кој го загуби животот.

Слава му!“, стои во соопштението кое вечерва беше објавено на социјалните мрежи на фудбалската федерација.

Поврзани вести

Работник загина во одрон на земјиште

Igor

Повреден работник во Кочани

Igor