November 26, 2022 13:52
Спорт

Фудбал у-19: Норвешка подобра од македонската репрезентација во второто коло од квалификацискиот турнир

Младата македонската фудбалска репрезентација (до 19 години) денес загуби со убедливи 6:2 од соодветната селекција на Норвешка во натпревар од второто коло на мини квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Малта 2023 година.

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, селекцијата на Норвешка одигра извонреден натпревар, во кој уште од 4. минута играше со играч помалку и успеа да слави убедлива победа.

Стрелци на головите за македонската репрезентација беа Зенку и Трајков, а за гостите погодија: Нуса и Ароен по два пати, Енг и Ѓенгаар по еднаш.

Во водство во групата-10 се Норвешка и Србија со максимални шест бода.