April 6, 2020 03:36
Спорт

Фудбалер на Челзи претепан во ноќен клуб во Манчестер

Играчот од средниот ред на лондонски Челси, Даниел Дринквотер, кој моментно е на позајмица во Барнли, бил претепан во близина на еден од ноќните клубови во Манчестер, објави венсикот „САН“.

Фудбалерот бил исфрлен надвор од местото, бидејќи пијан, почнал да ја малтретира девојката на еден од фудбалерите на Сканторп, Кгоши Нтл.

„Не ми е гајле, пријателе, таа ќе оди дома со мене“, му рекол Дринквотер на колегата од Сканторп. Кога Нтл побарал да ја остави девојката, играчот од средниот ред на Челси го нападнал.

Дринквотер го извадиле луѓето од обезбедувањето, а надвор го нападнале 6 лица. Тие го удирале, по што паднал, а кога лежел му скокале врз глуждот, најверојатно со намера да му го искршат. Од полицијата немаат оментар бидејќи Дринквотер не го пријавил инцидентот, за кој не е познато ниту дали има врска со фудбалерот на Сканторп.

Минатата недела Челси и Барнли изјавија дека Дринквотер ќе пропушти некое време поради повреда на глуждот, при што никој од клубовите не откри детали за повредата. Како резултат на нападот, фудбалерот добил руптура на лигаментите на зглобот, модринки на лицето, рамената и рацете. Исто така има посекотини на образот и под окото.