January 19, 2021 15:37
Спорт

Фудбалерка не сакаше да му оддаде почит на Марадона !!!

Кога сите му оддава почит на еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа игра, Аргентинецот Диего Армандо Марадона, кој на 60 годишна возраст почина од срцев удар, откако претходно му беше направена хирушка интервенција на главата, се појави една „храбра“ девојка од Шпанија која на теренот го направи спротивното. Таа не се ракодеше од торијата „за покојниот се најдобро“ и додека нејзините соиграчки му оддаваа една минута молк, си седна на тревата и го заврте грбот !

На ваквиот чекор се одлучи Паула Дапена, фудбалерка на екипата Вијахес Интериас, која по натпреаврот ја обрзложи и причината за својата постапка.

-Пред неколку дена не оддадовме минута молк кога беше денот против насилство врз жените. Не би сакала да го правам тоа за таков човек како Марадона. Тој беше феноменален фудбалер, но не и голем човек. Одговорноста на играчите не е само на теренот, туку треба да влијае и на нивните постапки надвор од него, рече Дапена.