August 10, 2022 22:38
Спорт

Фудбалеритер на ПСЖ го најавуваат доаѓањето на Зидан

Највите од Островот дека актулниот тренер на францускиот ПСЖ, Маурисио Покетино наскоро ќе се пресели на клупата кај англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, откако Зинедин Зидан не ја прифатил понудата на тимот од „Олд Трафорд“ стануваат се пореални откако се огласија и играчите на „светците“ дека овие два тренери ќе направат рокада и на клупата кај тимот од Париз. Поранешниот трофеен тренер на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, францускиот стратег Зидан кој е без ангажман може многу скоро да седне на клупата нај Пари Сен-Жермен.

Според „Марка”, фудбалерите на фрнцускиот тим од Париз веруваат дека 49-годишниот Зидан ќе стане шеф на стручниот штаб во блиска иднина, бидејќи неговотро име се споменувало за време на разговорите меѓу играчите. Свесни се што се случува во клубот и чувствуваат дека наскоро ќе дојде до промена на клупата.