June 26, 2022 07:55
Македонија

Фрчковски ја превзема функцијата амбасадор на ООН во Њујорк

Амбасадор и Постојан претставник на Република Северна Македонија при ООН во Њујорк – ЉУБОМИР ДАНАИЛОВ ФРЧКОСКИ ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на ООН – АНТОНИО ГУТЕРЕШ.
Aмбасадорот Фрчкоски на разговорот со генералниот секретар на ООН – Гутереш, информира за најважните стратешките приоритети во надворешната политика на Северна Македонија и моменталната состојба околу ЕУ интегративниот процес на земјата, посебно после потпишувањето и влегувањето во сила на тнр. Договор од Преспа. Ги ре-афирмира генералните македонски позиции на поддршка на работата на ООН и на генсек на ООН, како и вкупните наши активности во работата на Организацијата.
Генералниот секретар на ООН – АНТОНИО ГУТЕРЕШ уште еднаш оддаде признание за подготвеноста и покажата политичка волја на Владата на Северна Македонија низ дијалог и компромис да ги решава најкомплицираните и најсензитивните билатерални проблеми, во интерес на своите национални приоритети, но и за стабилноста и развојот на Регионот, за тоа посебно акцентирајќи го тнр. Договор од Преспа. Генералниот секретар Гутереш, исто така, го истакна и досегашниот придонес на земјата како активен субјект во работата на ООН и степенот на остварената соработка со телата, органите и агенциите на ООН.

go88 rút tối đa bao nhiêu tiền go88 nhà cái ở đầu nạp go88 không nhận được tiền

sunwin energy sunwin nhận code đăng ký sunwin