January 25, 2021 14:56
Балкан

Фронтекс: Мигрантите најмногу во ЕУ пристигнуваат по копнен пат, најчесто преку Балканот

Се намалува бројот на илегални влегувања во ЕУ на мигрантите преку Средозменото море, се наведува во најновиот извештај за работата на европската агенција Фронтекс, што и помага на Грција да ги заштити своите граници, јави дописникот на МИА.

Во извештајот е забележан пад на пристигнувања на мигранти во земјите од Европската унија преку море, а зголемување на илегални влегубвања по копно, се наведува во прелиминарната проценка на Фронтекс.

Во врска со копнените рути, агенцијата во октомври откри речиси 3.500 премини низ Западен Балкан, односно повеќе од една третина повеќе отколку во септември.

Во првите десет месеци од 2020 година, прелиминарните бројки покажуваат дека се откриени повеќе од 19.700 мигранти, што е повеќе од двојно од бројот забележан во истиот период во 2019 година.

Според Фронтекс, повеќе од половината од нив биле Сиријци, а една четвртина биле Авганистанци.

Сепак, вкупните пристигнувања на територијата на ЕУ се опаднати за 21 отсто во споредба со 2019 година, „главно поради падот на пристигнувањата на истокот и западот на Средоземното море”, подвлекува Фронтекс.

Во западниот Медитеран, агенцијата забележа 13.400 пристигнувања во текот на првите десет месеци од годинава, што е пад од 37 отсто во споредба со истиот период во 2019 година. Во источниот дел на Медитеранот, бројот на пристигнувања опаднал за 75 отсто во истиот период.

Преминот меѓу Турција и Грција претходно беше еден од главните миграциски патишта кон ЕУ. Грција сега добива помош од Фронтекс во Егејско Море и на копнената граница со Турција. Агенцијата, исто така, беше обвинета од невладините организации дека е вклучена во обесхрабрувањето на бродовите-мигранти од Грција во Турција.

Во извештајот за својата активност, агенцијата исто така објави дека спасила 54.800 луѓе, дека протерала други 15.800 надвор од Европа и запленила 125,5 тони дрога.

Hiyokoi (https://crunchyrollfree.com/m/W37v) Episode Full at website https://crunchyrollfree.com. See more get crunchyroll premium free

Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time (https://gogoanime.be/m/Xlwo) Episode Cam 10min at website https://gogoanime.be. See more your name gogoanime