January 29, 2022 00:07
Свет

„Францускиот Трамп“ ѝ покажа среден прст на демонстрантка

Ерик Земур, писател, есеист и потенцијален кандидат за претседател на Франција, се најде во центарот на вниманието кога покажа среден прст кон жена која протестираше против него.

Замур, кој многумина го сметаат за екстремен десничар и „француски Трамп“, пристигна во Марсеј како дел од својата промотивна турнеја, но беше пречекан од демонстрантите.
Кога влегол во возилото, една жена му пришла и му го покажала средниот прст, на што тој  возвратил со иста мерка.

Подоцна Земур апелираше до младите да не го повторуваат неговиот гест.

На Земур моментално му се суди бидејќи ги опишал децата мигранти како „крадци, убијци и силувачи“.

Овој новинар и полемичар за кратко време достигна дури 17 отсто од поддршката на анкетите, иако официјално се уште не се кандидирал за претседателските избори кои ќе се одржат во април следната година. Има два отсто повеќе од Марин Ле Пен, која важеше за главен противкандидат на актуелниот претседател Емануел Макрон со 24 % поддршка.

Земур е противник на прекумерната имиграција, ги штити традиционалните вредности и христијанското наследство на Европа и отворено го зборува она што другите го сметаат политички погрешно. Го опишуват како „спасител“ на нацијата во, како што тој го нарекува судирот на цивилизациите меѓу Франција и исламот, кој, како што се плаши, „брутално ќе ја прегази“ неговата татковина.

– За Франција ова е прашање на живот и смрт. Станува збор за замена на едни луѓе со други, друга цивилизација, вели тој.

Неговото семејство пристигнало од Алжир во 1952 година. Но, тие се Евреи, а не Арапи – разлика што сега служи за две политички цели: отстранување на обвинувањата за антисемитизам кои често се поистоветуваат со оние на Ле Пен, и како жив пример дека едната заедница е подготвена да се интегрира, а другата, како што вели, не само што се спротивставува, туку претставува активна закана за француската политика и ја охрабрува „Големата замена“ на домицилното население со растечката исламската дијаспора која „го наметнува својот морал, своите закони, верувања и имиња според логиката на колонизаторите“.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime sites Bleach (Dub)

Naruto: Shippuden

watch animes One Piece

AniWatch High School DxD Episode 10

SK8 the Infinity Episode 4