February 3, 2023 14:33
Македонија

Францускиот амбасадор Бомгартнер во посета на Собранието

Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер денеска ќе го посети Парламентот и ќе се сретне со генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

Како што е објавено на веб-страницата на законодавниот дом, ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Амбасадата на Франција во Северна Македонија.