November 18, 2019 23:42
Магазин

Француска фирма ќе плати отштета за вработен кој починал при секс на службено патување

Работодавецот е одговорен за секоја несреќа што ќе се случи на службено патување, заклучил судот во Париз, а тоа се однесува и на срцев удар што ќе се случи за време на попатен сексуален однос во хотелска соба.

Таков е случајот со извесен Ксавиер Х., кој бил вработен во француската компанија ТСО, што се занимава со изградба и одржување железнички пруги. Судот во Париз пресудил дека неговата смрт е несреќа на работа, а од компанијата се бара да му плати обесштетување на семејството на починатиот Ксавиер.

Компанијата на судењето аргументирала дека нивниот вработен во хотелската соба во друштво на неименувана гостинка не ја извршувал својата работа, туку имал вонбрачен секс. Овој несреќен настан се случил во централна Франција во 2013 година додека Ксавиер бил на службено патување, пренесе Би-би-си.

По срцевиот удар што го доживеал во хотелска соба, човекот починал, а здравственото осигурување заклучило дека станува збор за несреќа на работно место. Како што објасниле од таму, сексуалната активност е нормален дел од животните активности, исто како туширање или јадење.

Нови вести

Бени Шаќири не стана директор на МКЦ: На следниот конкурс повторно ќе си конкурирам!

Filip

Југo на списокот со најлоши имиња на бебиња во Велика Британија за 2019 година

zane

Најновата генерација на IQOS  уредот претставен на  спектакуларна забава

Igor