January 27, 2020 15:53
Свет

Француската влада е подготвена да ја повлече мерката за пензионирање на 64 години

Француската влада е подготвена да ја повлече, од својот план за пензиски реформи, мерката која што поттикнува да се работи до 64 години, а којашто синдикатите едногласно ја отфрлија, наведува премиерот Едуард Филип во писмото испратено до синдикатите и работодавачите.

Тој исто така рече дека социјалните партнери треба да се договорат за мерките што треба да се спроведат за да се обезбеди финансиска рамнотежа на пензискиот систем до 2027 година, во спротивно оваа мерка ќе биде повторно воведена.

Старосната граница за полна пензија од 64 години беше најспорната мерка на планираната пензиска реформа. Целта беше постепено да ги охрабри Французите да заминат во пензија на 64-годишна возраст, или во спротивно пензијата би им била помала. Во моментов, законската граница за во пензија е 62 години.

Најголиот синдикат ЦФДТ го поздрави повлекувањето на старосната граница за пензија од 64 години од нацрт-законот за пензионирање. ЦФДТ, како што е најавено, ќе ги продолжи преговорите во рамките понудени за решавање на нејаснотиите во врска со идниот унифициран систем.

Нови вести

По две години од најавата подготвен е планот на Трамп за израелско-палестинскиот мировен процес

zane

На каталонскиот регионален лидер му е одземено пратеничкото место

zane

Умерен земјотрес го погоди Иран

zane