October 26, 2021 19:59
Свет

Французинка осудена на 18 месеци затвор за фалсификување ковид пропусница

Млада Французинка (19), која работи во најголемиот центар за вакцинација во Бордо, во средата беше условно осудена на 18 месеци затвор, бидејќи фалсификувала дваесетина ковид пасоши за свои роднини и пријатели.
Кривичниот суд во Бордо, исто така, и изрече петгодишна забрана за работа во јавниот сектор.
Таа е уапсена во понеделникот откако беше пријавена и поведена истрага против неа. Девојката работи во тој центар од 1 септември и призна дека учествувала во фалсификување 24 ковид пропусници за 16 лица.
Обвинителот рече дека не верува дека го направила тоа за финансиски надомест.
Според податоците од мобилниот телефон, полицајците откриле многу недоследно произведени пропусници.
Младата жена, која работи од својата 16 – та година, објасни дека „сакала да им направи услуга на пријателите и роднините кои не сакаат да се вакцинираат и дека со некои од нив сакала да оди во кино или ресторан”.
Продолжува истрагата за корисници на лажни документи и можни други измами. 

Watch Eyeshield 21: Jump Festa 2005 Special Episode Full

Watch anime online for free at ANIMEFLIX animeflix hunter x hunter 2011

https://4anime.biz watch animes

Website https://animefreak.ws: Watch Bludgeoning Angel Dokuro-chan 2 animefreak Episode 2 animefreak site

Note: https://note.com/animefreakws/

Kenhsinhvien: https://kenhsinhvien.vn/wall/animefreakws.1087747/#about