January 29, 2023 13:07
Спорт

Франција продолжува по патот за одбрана на титулата

Репрезентацијата на Франција го продолжува по патот кон одбраната на титулата светски фудбалски првак на Мундијалиот што се одржува во Катар. Франција е третиот учесник во четвртфиналната фаза откако попладнево во Доха во осминафиналето ја победија Полска со 3:1.

Стрелци на головите за Франција беа Оливие Жиру во 44. минута и Килијан Мбапе во 75. минута и 90+1 минута. Роберт Левандовски во 90+9. минута со повторен удар од белата точка  откако првиот му го одобрани голманот Лорис, ги постави конечните 3:1.

Од 20 часот вечер во Ал Хор во осминафиналето ќе се соочат Англија и Сенегал.

Победникот од овој дуел ќе биде противник на Франција во четвртфиналниот натпреварот закажан за 10 декември.

Французите ја бранат шампионската титула освоена пред четири години на СП во Русија.