December 1, 2020 07:03
Свет

Франција првпат со над 50.000 случаи на коронавирус

Во Франција се потврдени 52.010 нови случаи на коронаворусот во последните 24 часа што е нова рекордна бројка, покажуваат податоците на Santé Publique, агенцијата на министерството за здравство.

Ова е првпат, според официјалните податоци, Франција за забележи повеќе од 50.000 зарази во едно деноноќие. Ден претходно беа пријавени повеќе од 45.000 коронаинфекции.

Според податоците на агенцијата, вкупно во Франција од почетокот на епидемијата во февруари, потврдени се 1.138.507 случаи на Covid-19, а со 116-те смртни исходи во последните 24 часа бројот на починатите вкупно изнесува 34.761. Во последното деноноќие хоспитализирани се уште 12.176 Французи со Ковид-19, а 1.816 од нив се примени на одделите за реанимација.

Поради влошената состојба со коронавирусот, Франција денеска ја продолѓи здравсвената вонредна состојба до февруари 2021 година.