February 3, 2023 14:56
Спорт

Франција остана и без Камавинга?

Како да не беше доволен шокот што најдобриот светски фудбалер Карим Бензема нема да може да игра на Светското првенство поради повреда, а веќе селекторот на Франција, Дидие Дешамп, има нова мака. На два дена пред првиот натпревар против Австралија, има грижи за уште еден фудбалер.

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, го прескокна неделниот тренинг поради проблем со адукторот. Тој останал во соблекувалната и воопшто не тренирал со соиграчите.

Франција има огромни проблеми со повредите пред почетокот на Мундијалот.

Пред Бензема, се повреди Кристофер Нкунку, а од претходно беше јасно дека Пол Погба и Н’Голо Канте нема да бидат на списокот за Светското првенство.