October 23, 2021 01:23
Свет

Франција демантираше дека местото во Советот за безбедност на ОН ќе и го отстапи на ЕУ

Франција  и официјално денеска ги демантираше информациите според кои е подготвена да ја стави на располагање на Европската унија (ЕУ) својата позиција на постојана членка во Советот за безбедност на ОН.

„Официјално го негираме тоа. Тоа место е наше и така ќе остане”, соопшти Елисејската палата, реагирајќи на веста објавена на насловната страница на британскиот дневен весник „Телеграф”, според која францускиот претседател Емануел Макрон “може да го понуди своето место во ОН „доколку Европската унија ги поддржи неговите планови за формирање европска армија”.

„Ние се координираме со ЕУ колку што е потребно, со целосен суверенитет”, се наведува во реакцијата на Елисејската палата.

Франција е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, заедно со Кина, САД, Русија и Обединетото Кралство.

„Телеграф” го објави написот во екот на дипломатската криза меѓу Париз од една страна и САД, Австралија и Велика Британија од друга страна, поради одлуката на овие три земји да склучат стратешко партнерство во Индо-Пацифичкиот регион, по што на Франција и беше откажана од Австралија на нарачката за подморници, кои сега ќе треба да ги изградат САД.

Website https://animefreak.ws: Watch Tiger Mask W animefreak Episode 38 anime freak attack on titan

Website https://twistmoe.net: Watch Magical Meow Meow Taruto twistmoe Episode 12 anime to watch

https://animeheaven.pro anime websites

Website https://animeflv.uk: Watch Hakushaku to Yousei Specials animeflv Episode 6 online anime

Twinoid: https://twinoid.com/user/10011235

Recordsetter: https://recordsetter.com/user/gogoanimebe