August 14, 2022 20:28
Свет

Франција го осуди рускиот напад на украински трговски центар каде загинаа 18 лица

Француското Министерство за надворешни работи го осуди рускиот напад врз трговскиот центар во украинскиот град Кременчук.

– Русија мора да одговара за тие дела. Франција ја поддржува борбата против неказнување во Украина, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи.

Две руски ракети погодија трговски центар полн со луѓе и притоа загинаа најмалку 18 лица, а ранети се 59, соопшти гувернерот на украинскиот регион.

Кременчук, индустриски град што беше дом на 217.000 луѓе пред руската инвазија, е на реката Дњепар во регионот на Полтава, а во него е сместена најголемата украинска рафинерија за нафта.