October 17, 2021 20:36
Свет

Франција ги повлекува амбасадорите во САД и Австралија на консултации

Франција соопшти дека одлучила да ги повлече своите амбасадори во САД и Австралија на консултации, откако Австралија постигна договор со САД и Велика Британија, со кој заврши спогодбата за набавка на подморници од Франција вредна 40 милијарди долари.

Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан нагласи во соопштението дека ретката одлука донесена од францускиот претседател Емануел Макрон се должи на сериозноста на случувањето.

САД, Австралија и Велика Британија одлучија да достават нови нуклеарни подморници за Австралија.

Трите земји објавија дека ќе воспостават воено-безбедносно партнерство во Индо-пацифичкиот регион и во таа смисла ќе и помогнат на Австралија да набави американски подморници со нуклеарен погон, поради што Австралија ја откажа нарачката од Париз од 40 милијарди долари за набавка на француски подморници.

Франција остро реагираше на веста за откажувањето на нарачката од Австралија, а министерот за надворешни работи, Ле Дриан, оцени дека со таа одлука Австралија „и забодела нож во грб на Франција”

Watch Tono to Issho Episode Full

Website https://animeflix.nl: Watch Belle and Sebastian (Dub) animeflix Episode 52 black butler animeflix

Watch anime online for free at AniWatch aniwatch me

Animepahe Watch english anime Online in HD for FREE

Cults3d: https://cults3d.com/fr/utilisateurs/gogoanimebe

Bitsdujour: https://www.bitsdujour.com/profiles/QhqZ7i