September 15, 2019 08:13
Хроника

ФОТO: Брачен пар од Скопје трагично загина во Италија, нивното бебе остана живо

Ебубекир Сулејмани и нејзината сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години,  го загубиле животот  во сообраќајка на лице место на автопат во Италија, додека шестмесечното бебе кое било на задното седиште, останало живо.

Страшната собраќајна несреќа се случила околу три часот по полноќ, во Италија на автопатот Пиаценза-Турин, во провинцијата Павија, јавува Сител.

Според истиот медиум возилото со кое патувал парот од скопската населба Сингелиќ, а заедно со нив и шестмесечно бебенце, завршиле на камион паркиран во зона за одмор.

Парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор.

Нови вести

Пожар му се заканува на манастирот Зрзе

Igor

Полицијата во бркотница со мигранти – излегле од комбе и бегале заедно со возачот

zane

Во „порше“ кај Куманово пронајдени 16 мигранти

zane