Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе поднесе претставка до Секторот за внатрешна контрола во МВР поради односот на полицијата кон активистите на „FridaysForFuture“ кои ја спроведоа денешната герила акција пред Министерството за животна среднина. Откако активистите ставија отпечатоци од раце со црвена боја на прозорците на министерството, тие беа однесени во објектот од страна на обезбедувањето, а подоцна се придружија и полицајци кои дрско се однесуваа кон присутните демонстранти. Меѓу учесниците во акцијата имаше и малолетно лице, кое беше држено во полициска станица повеќе од еден час, без присуство на адвокат и социјален работник, што е дополнително прекршување на процедурите. Лишување на дете од слобода се применува само како последно средство во постапката и само под услови и во траење определени со Законот за правда на децата.

Отстранување на еко-активисти од герила акција пред МЖСПП

Радио МОФ сними како изгледаше денешното отстранување на еко-активистите на Fridays For Future Skopje за време на герила акцијата пред Министерството за животна средина.

Posted by Радио МОФ on Петок, 21 февруари 2020