October 26, 2021 00:15
Магазин

(Фото) Ѓоковиќ по четврти пат за една година ги посетува пирамидите во Босна !?

Најдобриост светски тенисер Новак Ѓоковиќ во период од неполна една година по четврти пат доаѓа во приватна посета на Босна и Херцеговина и Сараево. Целта на тие посети е неговото одење во популарните босански пирамиди каде се дружи со контроверзниот Семир Османагиќ.

Дали навистина тие босански пирамиди кријат некаква древна тајна или располагаат со некоја скриена енергија која му помага на Ѓоковиќ? За тоа прв пат проговори неговиот поранешен тренер, Борис Бекер кој за време на турнирот во Ролан Гарос кажа дека Ѓоковиќ верува во таа енергија која ја добива од пирамидите. За воља на вистината, иако тоа може да е чиста коинциденција, по секоја посета на Ѓоковиќ на пирамидите во Високо тој ги освојуваше најголемите турнири во светот.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во петокот пристигна во Сараево, а веднаш попладнето се упати кон центарот на градот, а потоа и кон Високо во нова посета на „пирамидите“. Ова е четврта посета на Ѓоковиќ во главниот град на БиХ. За првпат беше во Сараево во јуни минатата година со своите родители, неколку дена откако го прележа коронавирус, а вториот пат дојде во октомври минатата година со сопругата Јелена, по поразот во финалето на Ролан Гарос од Рафаел Надал.

Ѓоковиќ трет пат дојде во Сараево на почетокот на мај годинава, пред почетокот на двата главни турнири, Ронал Гарос и Вимблдон.

Популарниот Ноле сега е редовен гостин на Сараево, а пред се на Високо, чиј домаќин е Семир Османагиќ. Ѓоковиќ претходно рече дека се чувствува како повторно роден во археолошкиот парк Равне 2 и дека доаѓањето во Високо го користи за надополнување на енергијата за следните спортски предизвици. Тој пристигнува во Сараево по поразот во финалето на УС Опен од Данил Медведев со резултат 3 : 0.

Овој пат, Ѓоковиќ престојува во Сараево, во хотелот Пино натуре на Требевиќ, без сопругата Јелена, а со него се и неговите деца Стефан и Тара. Познато е дека Ѓоковиќ во Сараево за одмор во природа секогаш го избира хотелот Пино натуре на Требевиќ, и ова е негов трет престој на оваа локација.

Animepahe: Shouwa Ahozoushi Akanuke Ichiban! anime episode 2 online free at https://animepahe.cc animepahe

AniWatch: Skull-face Bookseller Honda-san OVA anime episode Full online free at https://aniwatch.pro aniwatch.me

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official

Watch Queen's Blade OVA Episode 2

Logobids: https://www.logobids.com/users/AnimeFreak

Gab: https://gab.com/animefreakws