February 3, 2023 10:40
Македонија

(Фото) ШТРАЈК !!! Додека не се плати не се тргаат автобусите кај Мавровка

Има голем метеж и застоји, бидејќи крстосницата кај Мавровка е блокирана од протестот на приватните превозници.

Колони на возила може да забележат низ улиците на Скопје во правец кон центар, поради штрајкот на приватните превозници, откако не најдоа заеднички јазик со Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска за решавање на нивните проблеми.

Приватните превозници вклучени во јавниот линиски превоз денеска од 7:00 часот со повеќе од 30 автобуси протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај „Мавровка“, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“.

Од приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ велат дека не е утврдено времетраењето на протестот бидејќи се планира да трае до исполнување на барањата.

Овие превозници не сообраќаат поради неисплатениот долг од Јавното сообраќајно претпријатие кон нив. Бараат да им се исполнат барањата кои ако не се решат во наредните денови, блокадите ќе се прошират и на други делови од сообраќајниците во Скопје. За денеска е најавена и средба на претставници на „Слобода превоз“ и на ЈСП Скопје, а приватните превозници најавија дека ќе присуствуваат и на седницата на Советот на Град Скопје.

Поврзани вести

Улици затворени кај Кале – МВР подготвена во целост да го сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните (Фото)

admin

Греењето во Скопје ќе биде исто за сите- од 6 до 22 часот и внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен

Valentina

Компјутери од Владата за училишта, Арсовска ги дели како донација од Град Скопје

admin