August 10, 2020 09:17
Магазин

(Фото) Таа е сѐ што имам: Игор Џамбазов со љубовна роденденска честитка за Илина

Веќе неколку месеци наназад љубовната врска на Игор Џамбазов и Илина Арсова се пренесува преку нивните профили на Инстаграм.

Денес, по повод роденденот на љубената на Игор, тој ѝ посвети неколку збора.

– Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови, доведувајќи се себеси во високоризични ситуации со кои многукратно сум си го загрозила животот и здравјето.Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години. Се надевам разбирате дека се шегувам, планините се моја страст и пасија кои некако имаа приоритет во мојот живот – изјави Илина за Женски Магазин, оправдано критикувајќи го општото љубопитство.