January 25, 2022 06:14
Спорт

(Фото) Словенија подобра од Македонија во балканското дерби во Дебрецин

Македонија со пораз го отвори Европското ракометно првенство, меѓутоа ни малку не разочара со својот настап и со пристапот на теренот. Словенците триумфираа со 27-25, затоа што беа за нијанса поконцентрирани и подобро ги искористија нашите грешки.

Поразите не се за радување, но овој на Македонија со Словенија може комотно да ги направи горди ракометарите во цревно и жолто затоа што покажаа дека се дораснати на европската елита. Во најголем дел од натпреварот ѝ дишеа во врат на Словенија, а дури и кога имаа криза и резултатот замина на минус пет успеаја да ги средат мислите и да се вратат.

Покажа уште од стартот дека немаат намера да бидат разнишани ни од проблемите пред првенството, ни од доцно најавеното отсуство на Лазаров како играч и отворија со водство од 3-0. Словенците прв гол дадоа дури во седмата минута, затоа што функционираше зоната 5-1 и затоа што Мартин Томовски најави стравична вечер.

Сепак, штом го најдоа ритамот, направија целосен пресврт на резултатот.

 

Македонија им помогна со неколку технички грешки и загубени топки, па поведе со 7-4 во 12. минута. Лазаров направи неколку замени во почетната постава, влегоа Филип Кузмановски, Филип Миркуловски, Стоилов го одмори Пешевски и до 25. минута се вративме на 10-10. За жал и во минутите до паузата настана криза и Словенците бргу наредија три погодоци за со 13-10 да го почнат второто полувреме.

Во него Лазаров се обиде со 7 на 6 да го изненади ривалот, но откако примивме два гола на празна мрежа се вративме на 6-0 и тоа почна да функционира. Словенците постојано водеа, но Македонија се движеше на 2-3 гола негатива и да не беа неколкуте пропуштени зицери ќе се надеваше и на повеќе од пораз.

Томовски го заврши мечот со 12 одбрани, Цветан Кузманоски постигна седум гола.

Фото: Слободан Ѓуриќ

 

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

anime websites Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)

watch anime ANIMEFLIX My Hero Academia Season 5

ANIMEFLIX DARLING in the FRANXX

ANIMEFLIX The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat Episode 9