Магазин

(Фото) Слепилото не го спречи да ја исполни желбата на ќеркичката: Андреа Бочели на ролерки

И покрај тоа што Андреа Бочели – светски познатиот оперски пејач, се родил делумно слеп, односно на 5 месеци му бил дијагностициран вроден глауком и станал целосно слеп на 12 години, по фудбалска несреќа, тој научил да одгледува животни, да јава коњи и да прави вино заедно со својот брат.

Деновиве Андреа Бочели објави слика со осумгодишната ќеркичка Вирџинија Бочели, на која двајцата возат ролерки. И уште еднаш докажа дека неговото слепило не го спречува да биде одличен татко, кој ги исполнува желбите на својата најмала ќерка.

Исто така Андреа се уште јава и коњи…

Преземено од zenskimagazin.mk