December 7, 2019 02:06
Скопје

(Фото) Скулптурата- симбол на украдените велосипеди остана без волан и седиште

Гигантскиот велосипед кој е симбол на украдените велосипеди низ Скопје остана без седиште. Украдени му се седиштето, ланецот и рачките.

Урбаната уметничка акција „Гигански велосипед” во првата половина од јуни постави велосипед во центарот на Скопје кој е изработен од метал и е со димензии 3 х 1.8 метри. Целта беше да ја подигне видливоста на проблемот со крадењето велосипеди во Македонија, проблем кој тангира преку 150.000 граѓани кои го користат велосипедот.

Проценките се дека изминативе 10 години се украдени над 70.000 велосипеди, односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед.

Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1.000-ти велосипед.

Нови вести

(ФОТО) Светна новогодишната елка во Скопје

Filip

Проект “Мојот родител во улога на воспитувач во градинка“ во Општина Кисела Вода

Igor

ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ од Кисела Вода прослави 55 години постоење

Filip