September 26, 2020 08:03
Македонија

(ФОТО) Синот на д-р Жан Митрев обвинет за тероризам во Германија

Сега веќе 25-годишен, Филан се појавил во судот на 2 септември годинава и текот на судењето е опишан детално на германскиот локален медиум Франкфуртер Рундшау.

Во регионалниот суд во Франкфурт започна судскиот процес во кој обвинет за тероризам е германскиот државјанин Филан М. кој е по потекло од Македонија. Како што потврдија германските медиуми, станува збор за синот на д-р Жан Митрев кој е сопственик на приватна кардиохируршка клиника во Скопје.

Слободен печат се обрати до службата за јавност на Жан Митрев клиника со цел да добиеме потврда или демант на веста. Оттаму, прво не прашаа за која цел и каде ќе биде објавен текстот и не замолија да испратиме прашања по мејл. Но одговор досега не добивме.

Според германските медиуми момчето Филан Митрев (24) заедно со уште двајца турски државјани е уапсено во ноември минатата година. Тројката, според канцеларијата на јавниот обвинител е идентификувана како „поддржувачи на терористичката милиција на ИСИС“.

Тие се обвинети за подготовки за извршување на религиозно мотивирано кривично дело го Германија користејќи експлозив или огнено оружје за да убијат што е можно повеќе луѓе, таканаречени „неверници“.

Според шефот на јавното обвинителство во Франкфурт Надја Нисен, „24- годишното момче веќе обезбедило хемикалии со цел да состави експлозиви и се обидувал да обезбеди и оружје преку интернет. Различни материјали и опрема се одземени од кои што можело да се направат.

Осомничениот не бил препознаен како закана но постоела истрага уште од крајот на октомври 2019 година.

Сега веќе 25-годишен, Филан се појавил во судот на 2 септември годинава и текот на судењето е опишан детално на германскиот локален медиум „Франкфуртер Рундшау“.

Според овој медиум, нападот пропаднал пред да биде извршен, а Филан М. соопштил за тоа и на социјалните мрежи. Во обвинението се додава дека тој се обидел да купи митралез и муниција преку нелегални интернет канали.

„Осомничениот влезе во судницата облечен според салафистички бизнис дрес-код. Со сива јакна, бела маица, долга и бујна брада која не може да ја покрие ниту една заштитна маска. Носеше црни панаталони и кожни обувки. Сликата ја заокружуваа металик-сребрените лисици. Филан М. ваква мода може да си дозволи, бидејќи неговиот татко е сопственик на клиника за кардиохирургија“, се вели во текстот на „Франкфуртер Рундшау“.

Филан пред неколку години ја променил својата вера и преминал во ислам, а германскиот медиум сега го опишува, како радикален исламист припадник на салафисти-џихадисти.

Целиот текст прочитајте го на Слободен Печат

Поврзани вести

Починаа 9 лица, регистрирани се 143 новозаразени

Igor

Огнен Неделковски: Кога син ми ќе направи песна што не ми се допаѓа му велам дека јас сум само обичен текстописец

Valentina

Шема директор на ПИОМ, Колемишевски на Пошта

Filip