November 26, 2022 13:21
Магазин

(Фото): Се ожени Бочварски, министри и министерки меѓу гостите, неговиот српски колега чекал еден час на граница

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со сопругата му го честиташе бракот на својот колега и сопартиец Благој Бочварски, објавувајќи фотографија од свадбата со избраничката Маринела која се одржа синоќа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Бочварски Маринела Серафимова ја запроси во август минатата година.

На свадбата на двојката Бочварски синоќа присутни беа и други членови од неговата партија СДСМ како и колешки – министерки во владата на Ковачевски.

Една фотографија објавена на социјалните мрежи од свадбената веселба во весело расположение ги покажува министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерката за труд Јованка Тренчевска, вицепремиерката Славица Грковска како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

Српскиот министер за градежништво Томислав Момировиќ синоќа тргнал на венчавка кај колегата Бочварски, но на граница чекал повеќе од еден час.

Тоа тој го објави на својот твитер профил.

-Тргнав во Скопје, на венчавката кај мојот пријател и колега Благоја Бочварски. На граница чекав подолг од еден час. Тоа е неприфатливо. Потребен ни е Отворен Балкан, пишува Момировиќ на Твитер.