December 1, 2021 23:45
Магазин Свет

(Фото) Родители го запалиле сопствениот син оти се оженил без нивни благослов

Мугабаригира Џин Клод од Руанда се оженил без благослов на родителите, па поради тоа го запалиле.

Го запалиле сопствениот син оти се оженил, 22 дена бил во кома по бракот, неговите родители гневни го полиле со бензин и го запалиле. Во таа прилика тој се здобил со тешки повреди и изгореници на градниот кош, вратот, стомакот и грбот, јавуваат медиумите.

Како што рекол, не ја послушал идејата на неговите родители да се ожени со девојка која никогаш не ја запознал. Подоцна ги запознал со Џивона, за која изјавил дека е „љубовта на неговиот живот“, но тие не сакале ниту да слушнат.

После тоа, во првата прилика кога го посетиле, родителите му дале пијачка полна со апчиња за спиење. Тие потоа, додека бил во несвест, наводно го полиле со бензин и го запалиле. За среќа интервенирале соседите и му го спасиле животот. Тој поминал 22 дена во кома, но кога излегол од болница нападот се повторил.

Неговата сопруга Џивона изјавила дека без разлика на се ќе остане со него, како и дека ќе се пресели за да избегне нови напади од неговите родители.