August 3, 2021 15:05
Македонија

(Фото) Протестот за „Монструм“ се пресели пред Владата

Стотина демонстранти кои протестираат против казните досудени во „Монструм“ стигнаа пред Владата на РСМ откако овој пат полицијата не им го поречи движењето.

На последниот протест дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако полициски кордон ја сопре протестната поворка кај ТЦ „Мавровка“ и не им дозволи да заминат кон Владата. За разлика од тогаш, сега е значително помал бројот на уесници на протестот.

Бедри Ајдари, организаттотот на протестите и роднина на еден од осудените лица во „Монструм” ги повика граѓаните да го кренат гласот против, како што вели, неправдата во Македонија и драконските казни кои им се изрекуваат на Албанците не само во овој судски предмет, туку и во други, како што вели, монтирани судски процеси.

По пат учесниците во протестниот марш извикуваа „Уа за правдата” и „Илирида демократија”, со познати транспаренти и широко раширено огромно албанско знаме.

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

AnimeTV free anime tv: Watch Boku no Hero Academia 5th Season Episode 2 (https://animetv.cc/m/17Yn/ep-2)

GoGoAnime dubbed anime: Assassination Classroom (Dub) Episode 22