August 1, 2021 22:56
Македонија

(Фото) Почна судењето за Плацови на Водно, Камчев и Мијалков на обвинителна клупа

Во Кривичниот суд Скопје денеска почна судењето за случајот „Плацови на Водно”. Никола Груевски, Сашо Мијалков, Јордан (Орце) Камчев, неговата мајка Ратка Куновска-Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ се обвинетите во овој судски процес, што ќе го води судијата Илија Трпков, а обвинител во случајот е Лиле Стефанова.

Екс премиерот Груевски е во бегство во Будимпешта, а Мијалков и Камчев беа спроведени од затворот „Скопје” во Шуто Оризари каде издржуваат мерка притвор.  Останатите обвинети, пак, се со полесни мерки на претпазливост.

Поранешниот премиер Никола Груевски е безимотен и невработен, нема возило, има заштеда само од плата, изјави обвинителката Лиле Стефанова на почетокот на судењето за случајот „Плацови на Водно“ во кој политичкиот азилант во Унгарија е првообвинет. Пред својот воведен збор за обвинението Стефанова за Груевски предложи да му се суди во отсуство, зашто веќе бил сослушан во предистражна постапка и дал одбрана. Судијата ИлијаТрпков прифати, а Груевски го застапува адвокатот по службена должност, Мехмет Сефери.

-Овој предмет можеби никогаш да не беше отворен, доколку не беа “бомбите”, кои беа и јавно објавени. Груевски беше премиер повеќе од 10 години. Во целиот овој период негуваше имиџ на лице кое е безимотно, живее во станот на својата мајка, нема возило и има само заштеда од плата. Е содржините од овие разговори, како основи на сомнение, упатуваа на сосема на друга слика и фактичка состојба. Тој поседува имот кој за својот мандат го стекнувал, но го запишувал на други имиња. Ова ќе го докажам со сослушување на сведоци кои купувале имот на име на фирми, специјално за таа намена, рече Стефанова.

Во воведниот збор на обвинителката Лиле Стефанова за “Плацевите на Водно”, таа откри дека екс премиерот Никола Груевски на плацот на Водно сакал да гради куќа во барок.

-Ќе докажам дека во зградата во која живеел купил стан и го запишал на име на сведок кој ќе биде сослушан. Во 2009 го купил и четвртиот стан од истата зграда и го запишал на име на фирма. Во доказната постапка ќе изведеме материјални докази, од кои судот ќе се убеди дека Груевски во 2009 година за себе обезбедил плац од 2.700 метри квадратни, до резиденцијата на Вилма Трајковска. Ќе ги презентираме и проектите за куќата, која секако е во барокен стил, а требало да биде изградена. Обезбедил и два плаца во Крушево. Влијаел да се изменат закони, за да може да се продаваат шуми и земјоделско земјиште за да се градат викендици. Овие плацеви биле на име на неговиот кум, Ристо Новачевски, истакна обвинителката Лиле Стефанова.

 

Притоа, побара сите обвинети да бидат огласени за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и да биде конфискуван целиот имот кој е ставен во обвинителниот акт.

-Кога тогашниот премиер Никола Груевски дознал за земјиштето, а не му се испуштало, влегол во потрага по начин како земјиштето да се купи, да не се запише на негово име, а после мандатот да си гради по веќе изготвениот проект, куќа во барок.

Побарал помош од Сашо Мијалков, тогашен прв човек на УБК и негов прв братучед. Мијалков започнува со помагање, иако знае дека Груевски нелегално се стекнал со 1,2 милиони евра. Тука се вкчучува и Ненад Јосифовиќ кој барал офшор фирма, која ќе може да се јави како купувач. Јосифовиќ, сопственик на ваква фирма во Белизе, ги дава документите, ги носат во канцеларијата Чукич и Марков и ја регистрираат фирмата Сирах инженеринг во Македонија. За управител бил поставен Ристо Новачевски. Немало непроверени лица во оваа работа, само проверени, истакна обвинителката Стефанова.

Таа го појасни и начинот на движењето на парите на Груевски, односно како легнале на сметката на офшор компанијата.

-Новачевски знаел дека ова земјиште се купува за неговиот кумашин со нелегални средства, но сепак потпишал и земјиштето било купено.

Во 2015 почнуваат да се објавуваат “бомби”, за земјиштето кое од шума било направено во градежно земјиште, за што бие изменети и ДУП и ГУП. Груевски за да ги прекрие трагите, со Орце Камчев и Ратка Камчева, се договараат да го префрлат фиктивно на “Орка Холдинг”. Но Камчев не го купува земјиштето, туку уделот во “Сирах” за 1.350.000 евра. Подоцна прават втор договор на 1,5 милиони евра. Сепак, ниту еден денар не се исплатени на наводниот сопственик “Сирах”. Со доказите добиени преку меѓународна помош ќе докажеме дека Орка испраќа пари на Сирах, а од оваа компанија парите одат на офшор компанија во Панама, каде сопственици се Камчев и Јосифовиќ, кои истиот ден се враќаат во Орка. Овој имот и денес е на Груевски, а останатите обвинети до денес го прикриваат овој имот, рече Стефанова.

Освен ова, Груевски, според обвинението, како службено лице со намера да го прикрие имотот со кој се стекнал додека вршел државна функција, а кој ги надминува неговите приходи пријавени во анкетниот лист, дал непотполни податоци за недвижниот имот што го поседува, а фиктивно се водел на обвинетиот Новачевски. Па така, тој во анкетниот лист за имотната состојба не пријавил два стана во Скопје со површина од 38 и од 57 квадратни метри, градежно земјиште во Центар во Скопје со површина од 2.729 квадратни метри и две градежни парцели во Крушево.

Бизнисменот Орце Камчев е во притвор во истражниот затвор во Шутка од 14 март годинава, откако месецов му беше продолжен за нови 30 дена за предметот „Плацови на Водно”. Притвор беше определен и за поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство од земјава и е азилант во Будимпшета. Мерки на претпазливост им беа определени и на обвинетите Ненад Јосифовиќ и Ратка Камчева.

Истрагата за „Плацовите на Водно” беше отворена во октомври лани, а обвинението стигна во судот во мај годинава, од каде откако го прифатија и електронски го распределија кај судечки совет, го закажаа и првото рочиште за денешниот датум.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Поврзани вести

Нови 72 случаи на Ковид, нема починати

Igor

(Фото) Заев, Вучиќ и Рама од Економскиот форум: Започнува нова ера на соработката за интегриран и поврзан регион како европска вредност

Igor

На Камчев му се споиле притисоците, а во „Шутка“ го лекуваат со сол и газирана вода

Igor

Animepahe: Ronin Warriors Message anime episode 5 online free at https://animepahe.cc animes online

Website https://animedao.nl: Watch Ultimate Muscle animedao Episode 28 animedao haikyuu

AnimeHeaven: Sasami Magical Girls Club (Dub) anime episode 13 online free at https://animeheaven.pro animeheavenru

Github: https://github.com/animeflixnl

Acva2010 cs: https://acva2010.cs.drexel.edu/forum/index.php?u=/user/profile/57085/

Tldrlegal: https://tldrlegal.com/users/animeflixnl