September 28, 2020 05:42
Балкан

(Фото) Осуденик за измами е мажот кој се застрела пред Собранието во Белград

Властимир Шевер (42) e мажот кој се самоуби попладнево пред Собранието на Србија, информираат медиумите.

Тој бил повеќератен повратник во извршување на кривични дела, особено во делот на економскиот криминал и измами. Тој подолго време се криел во подрачјето на Белград, бидејќи бил во бегство зашто им ги должел пари на многу луѓе од кои ги позајмувал.

Во текот на 2018 година, Шевер поседуваше агенција за регистрација и изнајмување автомобили во Стара Пазова, при што измамил голем број на лица за големи суми пари по што избегал од Стара Пазова.

Полицијата при прегледот на трупот открила и проштално писмо во кое навел дека си го одзема животот поради приватни проблеми. Шевер се застрелал со пиштол во главата.