September 25, 2020 15:47
Хроника

(Фото) Оригинална порака на РСБСП за Св. Валентин и Св.Трифун

Срце си што не возиш пијан. Среќен празник. Вози одговорно! – е пораката со која Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата го честита празникот на љубовта и виното, Св. Валентин и Св.Трифун.

Од РСБСП порачуваат дека празниците се денови кога треба да застанете за момент, да одморите и да размислите за себе и за своите најблиски, да размислите за предизвиците, за можностите, за убавините кои ги носи животот. Празниците се време да размислете што Ви нуди љубовта, што е тоа што Ве прави среќни и задоволни, да размислите за тоа како треба да живеете, кои се вашите добри и лоши навики и како да продолжите понатаму во животот.