October 18, 2021 12:41
Магазин

(Фото) Ова е непотизам! Кејт Мос „пука“ од гордост за ќерката Лила, а Британците ја нападнаа 

Кејт Мос, еден од најдобрите супермодели некогаш, завчера на Модната недела во Лондон конечно доби можност таа да биде онаа која се восхитува на монекенката на пистата наместо самата да биде sвезда на истата.

Имено, Кејт „пукала“ од гордост, што може лесно да се заклучи од мимиките и изразот на лицето, додека ја гледала својата ќерка Лила како чекори по пистата полна со самодоверба на модната ревија на дизајнерот Ричард Квин.

 

Славната 46-годишна манекенка изгледала одлично во лежерно, но елегантно издание, комбинирајќи кадифено палто во темно сина боја, бела кошула и фармерки-ѕвонарки. Кејт го комплетирала стајлингот со кафеави чизми и чанта со дезен, како и модерни очила за сонце.

Едноставно и ноншалантно, без многу шминка и со опуштена фризура, онака како што и сме навикнале да ја гледаме

Кејт седела во првиот ред на шоуто и со насемана ја гледал Лила на работната задача во црвен комбинезон со голи рамења.

Инаку, манекенката ја доби Лила со директорот на медиумската компанија Џеферсон Хак, а парот се забавуваше од 2001 до 2004 година. Дури и по разделбата, тие останаа во пријателски односи и ѝ обезбедија на ќерката среќно воспитување во присуство на двајцата родители.

Интересно е што Лила дебитираше на пистата на 18 години, исто како и Кејт во 1992 година, кога прошета на пролетната модна ревија на брендот „Долче и Габана“, а дали ќе има подеднакво брилијантна кариера како нејзината мајка – ќе покаже времето.

Наводно, Мос е целосно фокусирана на кариерата и стилот на нејзината ќерка, и ги ставила во мирување својата работа и кариера со цел да му даде приоритет на пробивот на своето единствено дете на модната сцена. Инаку, Лила минатиот месец стана заштитно лице на новиот парфем „Perfect“ со потпис на брендот „Марк Џејкобс“.

Дебито на Лила Мос предизвика бурни реакции кај Британците, што не изненадува со оглед на тоа дека Кејт беше британска икона и една од најомилените членови на нивната шоу -бизнис сцена. Но, коментарите на социјалните мрежи и портали има се‘, само не позитивни.

„Нејзината ќерка навистина не е ништо посебно“, „Таа е просечна“, „Висока е само 165, како може да биде модел?“, „Сѐ што ви треба во животот се славни родители, ни талент, ни убавина, ни духовитост , ништо…“, „Лила дефинитивно не е материјал за модел, сѐ што има е славна мајка“, „Извини, Кејт, но ќерка ти едноставно нема карактер или харизма, камерата не ја сака“, „Класичен непотизам, но залудно туркање – може да се види дека Лила не е родена за да биде модел“, ова се смао некои од коментарите на Британците.

 

Website https://4anime.biz: Watch McDull, Prince de la Bun 4anime Episode Full 4anime app ios

AnimeDao: Sono Toki, Kanojo wa. anime episode 12 online free at https://animedao.nl animedao jojo

Watch Doraemon Movie 32: Nobita to Kiseki no Shima - Animal Adventure Episode Full

Website https://kissanime.mx: Watch 12-sai.: Chicchana Mune no Tokimeki 2nd Season kissanime Episode 12 tower of god kissanime

Cycling74: https://cycling74.com/author/61186f097175a8725bd1754d

Uid: http://uid.me/gogoanimebe