October 31, 2020 00:04
Свет

(ФОТО) Навални објави нова фотографија на Инстаграм

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека неговиот пат кон закрепнување е „јасен, но долг”.

Тој рече дека сè уште има тешкотии во качувањето по скали бидејќи нозете сè уште му се тресат.

Нему му се слоши минатиот месец во Сибир, по што во состојба на индуцирана кома беше префрлен во Германија на лекување.

Берлин тврди дека резултатите од три лаборатории покажуваат дека тој бил отруен со нервниот агенс новичок, а Москва негира.