Македонија

(Фото) Мијалков ќе оди во Шутка

Судечкиот совет во предметот Таргет-Тврдина” го прифати барањето на ОЈО и одлучи на Сашо Мијалков да му се укине куќниот притвор и донесе одлука да биде во ефективен притвор, до правосилност на пресудата,но најдолго 60 дена. Против него е поднесен обвинителен предлог, па согласно Законот за кривична постапка (ЗКП), притворот може да трае најмногу 60 дена, рече судијката Џенета Бегтовиќ.

Таа нареди Мијалков да биде однесен дома, од каде ќе биде префрлен во затворот Шутка.

Претходно судот го осуди Мијалков на единствена затворска казна од 12 години, а во истата ќе биде пресметано и времето кое поранешниот директор на УБК го има поминато во куќен притвор.

 

 

AnimeTV anime tv shows: Watch Death Note (Dub) Episode 10 (https://animetv.cc/m/QPOo/ep-10)

AnimeDao watch anime: The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 14