Магазин Свет

(ФОТО) Луксузен хотел во Швајцарија нуди пакет-услуги „Ковид-19“

Во услугата на хотелот е вклучен минимален контакт со други луѓе. Пакетот вклучува престој во луксузен апартман, услуги на лекар специјалист, личен готвач, испорака на храна и дури и тестирање на коронавирус.

View this post on Instagram

Happy Sunday!

A post shared by Le Bijou (@lebijou_switzerland) on

„Ле Бију“ има 42 апартмани опремени со сауна, џакузи, камин и вежбалница, пишува „Инсајдер“.

Покрај чистачите нема друг персонал, а на гостите им се на располагање луѓе што ќе им нарачуваат храна, лични готвачи, масажери и слично.

„Сè е направено за да не мора да гледате други луѓе“, објасни директорот на хотелот, Александер Хабенер.