November 21, 2019 00:14
Скопје

(Фото) Коко се врати дома

Познатото шимпанзо Коко кое 10 години се ресоцијализираше во Холандија  повторно е во својот дом, во скопската Зоолошка градина. Коко во Скопје пристигна вчера со уште три шимпанза – Мими, Роси и Хјасл со кои ќе го дели живеалиштето.

На денешната прес-конференција на која присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, дел од тимот на AAP Animal Advocasy and Protection, каде што Коко престојуваше изминатата деценија и зоо-негувателите кои го чуваа Коко пред да замине за Холандија, беа соопштени сите детали за шимпанзата – нивните приказни, навики и карактеристики, а беше промовирано и новото живеалиште каде што тие ќе живеат.

Новото живеалиште за шимпанза ги исполнува сите европски стандарди, што беше и еден од условите за нивното доаѓање во Скопје. Континуирано ја збогатуваме понудата на Зоолошката градина – лани пристигнаа слоновите, а сега работиме на тоа да донесеме фламинга и пингвини. Најдоцна до следната пролет овде ќе биде отворен дино-паркот. Градот Скопје сериозно инвестира во Зоолошката градина, а граѓаните тоа го препознаваат, па посетата во одредени периоди стигнува и до 30.000 посетители. Во изминатиов период преку јавните претпријатија работевме на уредување нови патеки, а за првпат по 15 години го исчистивме големото езеро со цел да создадеме подобри услови за живот на животните, а на граѓаните престојот во Зоолошката да им биде попријатен. Зоолошката градина полека станува заштитен знак на Скопје“, рече денеска градоначалникот Шилегов.

Живеалиштето за шимпанзата има голем внатрешен и надворешен дел и е збогатено со голем број реквизити. Коко, Мими, Роси и Хјасл од карантинот денеска беа префрлени во големиот внатрешен објект и се запознаа со својот нов дом.

Нови вести

Шилегов: Автобус кој што кошта 300 илјади евра кој собира 96 патници е се, само не стандард

admin

Шилегов: Градот го оставивте со долг од над 40 милиони евра

admin

Жителите на Маџир Маало не даваат Општина Центар да им гради хотели

Igor