January 27, 2021 17:32
Скопје

(Фото) Козјак беше претесен да ги прими сите автомобили

Поголемиот дел од жителите на Скопје ги испочитуваа препораките на здравствените власти во екот на пандемијата предизвикана од коронавирусот да останат дома за дочекот на Новата година. Според властите нарушувањата на протоколите биле спорадични, но затоа пак првиве два дена од  2021 година, убавото и сончево јниарско време максимално се користи од граѓаните на македонската престолнина да се излезе од домовите и да се прошета-рекреира на отворено по околините планини.

Денеска „24 Инфо“  го посети Козјак и регистира метаж од автомобили и луѓе кои главно ја почитуваа препораката и носеа заштитни маски и на отворено. Поситителите беа дојдени да се рекреираат но и од љубопитство да го разгледаат првиот новоотворен угостителски објект во непосредна близина на видиковецот, кој сигурно во иднина ќе привлекува зголемен број на посетители. Патот кој води до видиковецот кон акумулацијата Козјак беше претесен да ги прими сите намерници кои со своите автомобили тргнале сончевото претпладне да го минат во природа. Поради немање на соодветен паркинг простор, долга колона автомобили беше паркирана речиси на едната коловозна лента, а не беше мал бројот на оние кои своите „љубимци на четири тркала“ ги искачиле на полјанките покрај патот.

Сето тоа создаде метеж и колони како одминуваше денот кога сите побрзаа да се вратат назад во своите домови.

Поврзани вести

Британскиот сој на вирусот детектиран кај веќе оздравен скопјанец кој немал контакт со странец

Igor

(Видео) Ана од Кавадарци: Жртва сум на „Јавна соба“, доста е, ова треба да престане, секој може да објави и напише што сака

Igor

Починаа деветмина, нови 394 позитивни на Ковид 19

Valentina

Watch Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time Episode Preview 4 at ANIMEFLIX your name animeflix

Watch The Seven Deadly Sins: Wrath of the Gods (Dub) Episode 21 (https://kissanimeonline.com/m/ldDK/ep-21) at KissAnime kissanime one piece