August 21, 2019 19:39
Хроника

(Фото): Избодено до смрт седумнаесетгодишно момче во Ново Лисиче

Скопски малолетник бил избоден до смрт по расправија со други малолетници, ноќеска во Паркот на музиката во населбата Ново Лисиче.

Според првичните информации, станува збор за Никола Х.(17), а за убиството е осомничен Т.А.(18), негов познаник.  во Ново Лисиче, дознава „Слободен печат“.

Крвавиот инциден се случил половина час по полноќ по расправија меѓу неколку момчиња од Ново Лисиче со двајца други малолентици. Осумнаесетгодишно момче во еден момент извадило нож и го прободел една година помладиот Никола

Момчето било живо додека пристигнала екипата на Итна помош и било пренесено во клиничкиот центар, но поради обилното крвавење починало.

Напаѓачот бил фатен од граѓани и другари на ранетиот, па ѝ бил предаден на полициска патрола.

Фото: Независен.мк

Нови вести

Германец влегол во касaрната „Страшо Пинџур“ поради погрешни ГПС-насоки

Filip

Пожар во делчевското село Бигла

Filip

Тешко повреден работник во угостителски објект во Сарај

Filip