September 26, 2020 07:10
Хроника

(Фото) Загина скопјанец, со „мини морис“ излетал од мост и се забил во гаражи

Скопјанец на возраст од 50 години загина утрово во тешка сообраќајка кај Гевгелија. Според првичните информации од СВР Струмица, сообраќајката се случила околу 7 часот и 30 минути на излез од Гевгелија, објавува КаналВис.

„Се работи за З.Д. (50) од Скопје кој управувајќи возило „мини морис“ со бугарски регистерски таблички изгубил контрола и излетал од мостот, а потоа удрил во лимени гаражи во близина. Од ударот возачот се здобил со тешки повреди поради кои починал. На лице место увид извршила полиција, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, велат од СВР Струмица.