October 29, 2020 17:47
Магазин

(Фото) Го покажаа резултатот од вежбањето: Tијана Дапчевиќ и Снеже Велков се пофалија со мускулите

Пандемијата со коронавирусот можеби пред некое време ги затворија салите и теретаните за вежбање, но тоа не ги спречи  луѓето да вежбаат.

Оние кои се љубители на спортот, вежбањето и одржувањето на кондиција, најдоа алтернатива, па наместо во сала или теретана, вежбаа дома или на отворено.

Македонската водителка и фитнес инструкторка Снеже Велков денот го започнува со вежбање или со возење на велосипед.

Таа често на социјалните мрежи знае да сподели фотки,  видеа од нејзиниот тренинг и да ги мотивира и оние кои се уште не започнале со вежбање.

https://www.instagram.com/p/CEJXXkNHOTU/

Меѓутоа, неодамна Снеже се фотографираше пред огледало во лифт и го покажа резултатот од вежбањето, односно мускулите на раце.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Тијана Дапчевиќ исто така е меѓу оние кои се вратија во тератана и на редовното вежбање, а неодамна во една емисија доби коментари дека никогаш не изгледала подобро.

Дапчевиќ како што истакна во една прилика се храни според прогарамата на нутриционисти, а и редовно пешачи и вежба.

И Дапчевиќ во кусите приказни на „Инстаграм“ се пофали со мускулите на раце по напорниот тренинг.

„Се гледа разликата а?“, напиша Дапчевиќ во описот на една фотографија.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

А како што вели поговорката –  „Во здраво тело, здрав дух“.

Преземено од Вистина.мк