April 8, 2020 08:33
Магазин Македонија

(Фото галерија) „Нема правда има Бубамара“

Вечерва во салата А1 под мотото „Нема правда има Бубамара“ се одржа 23-тото издание на долгоочекуваната манифестација Златна Бубамара на популарноста.

Сашко Коцев повторно беше задолжен за хумор, па испеа и песна за Рекет.

Свое шоу имаше актерот Раде Шербеџија кој настапи заедно со Влатко Стефановски.

Преполната сала со стоечки пет минутни овации и аплауз ги дочека на сцената екипата од „Медена земја“-Атиџе Муратова, Љутвие со дел од децата како и режисерката Тамара Котевска и Фејми Даут.

Тамара Тодевска годинава се закити не со една, туку со две Бубамари, една за хит на годината и една за пејачка на годината. Во говорот кој Тамара го одржа не го заборави случувањето кога изостави дел од македонската химна, поточно на прославата на Дeнот на нeзaвиcностa на САД во дворот на американската амбасадата во Скопје. Вечерва за сето тоа јавно се извини и бескрајно му се заблагодари на својот сопруг.

 

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

Поврзани вести

Трагедија во Италија: Двегодишно девојче од Македонија се удави во канал, родителите под истрага за небрежност

Igor

Почина 45-годишен скопјанец заразен од коронавирус на пат кон болницата „8 Септември”

Filip

Починаа четири нови пациенти заболени од коронавирусот

Igor