August 19, 2022 13:29
Македонија

Фото галерија: „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“- мото на овогодинешното издание на „Скопје прајд“

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“, организаторите националната мрежа против хомофобија и трансфобија пред малку го започна овогодинешното издание на „Скопје прајд“.

Неколку илјади луѓе околу 17 часот се собраа на почетната точка во паркот „Жена-борец“ во Скопје за почетокот на третата по ред скопска парада на гордоста.

Протестниот марш низ улиците на Скопје ќе продолжи кон Стадионот на АРМ. На парадата во центарот на Скопје, може да се види и засилено полициско обезбедување.

Меѓу присутните на парадата има и јавни личности и владини министри. Настанот е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Првиот „Skopje Pride“ се одржа во 2019 година, а по една година пауза поради ковид-пандемијата, втората парада се случи минатото лето.

 

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

Поврзани вести

Русковска: Ова не го сметам за моја туку за суспензија на правото и правдата

Igor

Дизелот поскапува за два денари, цената на бензините останува иста

Igor

Со манипулации неосновано се обвинува за бугаризација, a „славењето победа” на бугарските историчари е лажен триумфализам

Igor