Македонија

(Фото-Видео): Лелеци, мртви тела под урнатините, смачкани возила денес во Драч

Лелеци, мртви тела под урнатините, смачкани возила. Ова е сликата која ја затекна 24 инфо на лице место вчера во Албанија. Ситуацијата е страотна, секој моли за помош и бара некој близок. Под урнатините има и жени и деца.

Нашата екипа на терен пристигна заедно со екипата од Дирекцијата за заштита и спасување. Веднаш по пристигнувањето членовите на Дирекцијата добија задача да почнат со расчистување на урнатините и да бараат машко лице под нив. Работеа цела ноќ, но предоцна. Мажот беше извлечен но мртов.

-Кога пристигнаавме на местото веднаш од локалните власти добивме задача да пронајдеме машко лице под урнатините . Акцијата заврши во 6 утрово, го извлековме мажот но веќе им подлегнал на повредите. Сега сме на друга локација, бараме други лица кои се под урнатините- велат од Дирекцијата за заштита и спасување за 24 инфо.

Поврзани вести

Боки: Камчев го снимаше и Заев кому му требаа тројца пратеници под негова контрола

Igor

Седум починати и 89 нови случаи од ковид 19

Valentina

Лукаревска позитивна на ковид 19

Valentina