August 24, 2019 07:37
Магазин

(Фото) Банани растат и во Скопје

Луѓето се воглавно импресионирани кога ќе го видат чудото од шест метри, кое со своите двометарски листови речиси го покрива моето мало дворче, вели за Плус Инфо скопјанецот Ивица Велковски, во чиј двор зреат банани, како нетипично овошје за овие простори.

– Стеблото го добив пред нешто повеќе од две години од мој роднина кој ги одгледува подолго време. Всушност добив два млади изданока, кои ги посадив во мојот двор веднаш до фонтаната. Знаев дека бананата покрај високите температури бара и голема влажност на земјата и воздухот, како и многу хранлива подлога. Така почна предизвикот да се дојде до целта, а тоа е плод од ова егзотично растение. Со малку среќа и многу внимание и љубов, успеав да го надоместам недостигот на природни климатски услови кои ѝ требаат на бананата, вели Велковски.

(Фото: Плус Инфо)

„Чудо“ од шест метри во дворот на Велковски, банани растат и во Скопје (ГАЛЕРИЈА)

Нови вести

(ФОТО) Никој не може да погоди која е мајката – родила 3 ќерки, а изгледа како девојка

Filip

Возачите со тетоважа ќе мораат на психотестови!

Filip

(ВИДЕО) Карлеуша без шминка се разладуваше во морето

Filip