October 20, 2020 19:54
Македонија

Фотографија од нападнатиот Палевски: Лежи на земја со крвава глава брутално претепан!

Фотографија од нападнатиот Палевски: Лежи на земја со крвава глава брутално претепан!

Љупчо Палевски вечерва бил нападнат од две лица со метален предмет. Нападот се случил кај неговиот дом во близина на трговскиот центар Буњаковец во Скопје.

Претседателот на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево е брутално нападнат и претепан.

Неофицијално тој бил пресретнат и брутално нападнат пред својот дом на пат кон својата викендичка од непозната група на сторители!

Преку објави на својот Фејсбук тој со јавноста сподели низа на доверливи информации, почнувајќи со аферата Атлантик во која масовно се следеле и прислушкувале опозициски претставници и активисти кои се бореа против промената на името, а потоа ја објави и вистината за како што вели тој за случајот „27 април“.

Бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо минатата година беше приведен од полицијата во Белград, во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва, каде требало да склучи бизнис зделка.

Полицијата го потврди настанот и работи на негово расчистување.

360 степени“ дојде и до фотографија од настанот што е направена откако на Палевски му е укажана прва помош

Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на улицата Златко Шнајдер од страна на две лица, кои биле на мотоцикл, со употреба на метален предмет бил нападнат Љ.П. Се работи на расчистување на случајот,велат од МВР.