September 25, 2020 16:45
Спорт

Фотографија од местото на кое падна хеликоптерот на Кобе Брајант

Голем број новинарски екипи се собираат на местото на кое денеска загина легендата на НБА кошарката Кобе Брајант во местото Калабасас во близина на Лос Анџелес.

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс е меѓу загинатите во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија. Од местото се издига чад, каде има пожарникари но не е достапно за екипите бидејќи е во брдо.

Најмалку пет други лица го загубија својот животи во несреќата, а преживеани нема.
Според очевидци, хеликоптерот се запалил откако паднал на земја. Медиумите тврдат дека неговата сопруга и децата не биле со него.

Брајант е едно од најголемите имиња во светската кошарка. Со тимот на Лос Анџелес Лејкерс, каде ја помина целата своја 20-годишна кариера, тој освои 5 титули и учествуваше на 18 „Ол-Стар” натпревари.