Докторката Добринка Наунова Јовановска и главната медицинска сестра Габриела Темелковска од Клиниката за инфективни болести денеска први ја примија вакцината против Ковид-19 во државава. Тие изјавија дека се чувствуваат одлично и препорачаа секој да се вакцинира.
За сега планот е вакцинацијата да се одвива во Скопје, во Модуларната болница, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму, вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Министерот очекува за период од една недела до најмногу 10 дена да се вакцинираат сите здравствени работници.
Фото: Слободан Ѓуриќ